„Зад Аголот“ со нова песна

Во период кога е во завршна фаза албумот „Никогаш Исто“ на Длабока Трага кој ќе биде достапен во текот на месецов, од Зад Аголот објавуваат песна во етерот со звук кој потсетува на златните години на хип хопот.

„Како мече дрен“ е новата песна на момците од Зад Аголот (Тоди, Маро, Паки и Марко), во која оддаваат почит кон старите скопски рап изведувачи, а воедно на помладата генерација и презентираат како рапот звучел во своите почетоци. После серијата настапи, албумот и целата енергија која ја понудија оваа година, овие момци се решени годината да ја завршат онакa како што ја започнаа.

You May Also Like