Почна реконструкцијата на Милениумскиот крст

Денес (сабота, 28 јуни) започна реконструкцијата и адаптацијата на Милениумскиот крст на врвот на Водно …

Pocetok na rekonstrukcija na Mileniumski krst (3)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на ЈСП-Скопје, Мишо Николов денеска (28.06.2014 година, сабота) присуствуваа на официјалниот почеток на градежните работи за реконструкција и адаптација на Милениумскиот крст.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски изјави дека станува збор за проект со кој ќе се зголемат содржините, а со тоа и атрактивноста на Милениумскиот крст за неговите посетители.

Pocetok na rekonstrukcija na Mileniumski krst (1)

– Овој проект опфаќа градежни работи со што ќе се добие целосна антикорозивна заштита на челичната конструкција на Милениумскиот крст, демонтажа на постојниот и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи, поставување електрични инсталации, опрема и агрегат, изградба на фекална канализација и санитарни јазли, како и регулирање на водоснабдувањето до Милениумскиот крст и изградба на водоводна мрежа. Милениумскиот крст е еден од најважните објекти на Водно и сметаме дека досега граѓаните не можеа да ги искористат сите придобивки. Со реализацијата на проектот за реконструкција и адаптација на Милениумскиот крст овој простор ќе биде целосно уреден и ќе понуди различни содржини за одмор и за рекреација на посетителите, рече градоначалникот Трајановски.

Министерот за транспорт и врски Јанакиески изјави дека реализацијата на овој проект е резултат на одличната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Град Скопје. Тој ги спомна и неколкуте проекти кои Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија ги имаат реализирано на планинава Водно, а како најважен за идниот период ја посочи изградбата на втората делница од Жичарата на Водно, од Средно Водно до Скопје, која треба да биде готова до 2018 година.

Pocetok na rekonstrukcija na Mileniumski krst (2)

На терен на реконструкцијата и адаптацијата на Милениумскиот крст ќе работат екипите на градежната компанија „Турбо инженеринг“, за реализацијата на овој проект ќе бидат вложени околу 70 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за 9 месеци.

Додека траат градежните работи за реконструкција на Милениумскиот крст просторот околу крстот ќе се огради, а жичницата до врвот на Водно ќе работи непречено.Pocetok na rekonstrukcija na Mileniumski krst (4)

You May Also Like