„Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел“ во Летното кино

Вечер (понеделник, 16 јули) во 21:00 часот на репертоарот на Нескафе-киното е „Хари Потер и реликвиите на смртта 2 дел“.

Се’ завршува тука:  Во екранизацијата на последниот роман на Џеј Кеј Роулинс; Хари, Рон и Хермиона се на пат да ја привршат својата опасна мисија за да ја откријат тајната на бесмртноста на лордот Волдеморт и да го уништат. Патем ги откриваат и трите моќни предмети во светот на волшебниците – реликвиите на смртта. Започнува конечната пресметка преку битката по која ништо нема да остане како што било…

Научно-фантастична мистериозна авантура „Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел“ (2011) е во траење од 130 минути. Режијата е на Дејвид јејтс, а улогите ги толкуваат Дениел Ретклиф, Ема Вотсон, Руперт Гринт, Ралф Фајнс, Хелен Бонам Картер, Ален Рикман и Ема Томпсон.

Награди: 3 номинации за Оскар, 5 номинации за БАФТА-наградите…

You May Also Like