Прво место за пехчевските играорци на фестивал во Бугарија

Прво место за играорци од Пехчево на Меѓународниот фестивал „Бугарски еделвајси“ во градот Банско во Бугарија …

Pehcevo

Женската играорна група при Домот на културата „Јане Сандански“ од Пехчево освои првото место на Меѓународниот фестивал „Бугарски еделвајси“ во градот Банско со орото „Водарки“. Успех остварија и пехчевските песнопојки Маринела Секуловска и Маја Пандова, кои во категоријата народно пеење во дует го освоија второто место.

– Стандардите на овој меѓународен фестивал беа високо поставени и се бараше беспрекорна изведба и максимум од учесниците. Нашата женска група со инспиративната кореографија и беспрекорната изведба ја освои фестивалската публика во Банско, а жирито заслужено и го додели првото место, изјави кореографката Ивана Вучкова.

Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски им го честиташе постигнатиот успех на членовите на играорната група при Домот на културата „Јане Сандански“ и изрази посебна благодарност до директорот Страшо Андоновски и музичкиот педагог Александар Парасков, кои со својата стручност и ентусијазам го афирмираат фолклорот и културата на Пехчево и Малешевијата во земјава и во странство.

You May Also Like