Отворена 21-та Интернационална Кичевска ликовна колонија

Отворена е 21-та Интернационална Кичевска ликовна колонија во Кнежино, во близина на Кичево …

kuka knezino

Во куќата на уметноста во Кнежино близу Кичево, денеска, во присуство на председателот на Република Македонија Ѓорге Иванов отворена е 21-та Интернационална Кичевска ликовна колонија.

Манифестацијата за отворена ја прогласи директорот на колонијата Владо Талески, кој на учесниците им посака успешна работа.

– Тука 21 година по ред се сретнуваат и престојуваат ликовни творци од целиот свет за да нивниот творечки дух го преточат во ликовни дела блиски на нашето опкружубање. Тоа е душата на Кичевската ликовна колонија, а ликовните творци од година во година дојдени од различни страни на светот, целосно се вградија во просторот и времето во овој питом предел, даруван од Бога, кој со својата убавина им помага на уметниците да создадат убави и совршени дела, рече Талески.

На годинашната Ликовна колонија учевствуваат 35 ликовни уметници од 19 земји, а ќе трае до 19 јули.

You May Also Like