Пројковски и Лилиќ наградени на фестивалот ФИАТ во Црна Гора

Драмскиот театар од Скопје,учествуваше на овогодишниот меѓународен театарски фестивал ФИАТ, Подгорица, Црна Гора, каде освои неколку први награди.

 

Dejan Lilic - Hamlet (copy)

– Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Дејан Пројковски, за претставата „Хамлет“, во продукција на Драмскиот театар од Скопје и за „Опасни врски“ во продукција на „Вера Комисарзевскаја“ театарот од Сант Петерсбург.
– Наградата за најдобар актер ја доби актерот Дејан Лилиќ, за ликот на Хамлет во истоимената претстава.

Исто така, претставата „Опасни врски“ во режија на Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобро актерско остварување во целост.

Фестивалот на интернационалниот алтернативен театар (ФИАТ) постои од 1982 година, најпрво како ДОДЕСТ фестивал. Низ годините на овој фестивал гостуваат многу значајни театарски дејци и продукции што го ставаат овој фестивал на ранк со Битеф во Белград или МОТ во Скопје.

You May Also Like