Здружението на граѓани „Младите можат“ го организира настанот „Мотивациски ден за млади“ кој ќе се одржи денеска (12 март, среда), со почеток од 12 часот (кој ќе трае до 18 часот), во просториите на Менада.
Мотивациски говори на настанот ќе одржат: Филип Попов – Commercial and Operation Director at MEDICUS HELP; Нина Ангеловска – Извршен директор на Grouper.mk; Никола Бојков – Директор на IM.mk; Коста Петров – Основач и извршен директор на Пи Ворлд; Илина Несиќ – Programme and Communication Manager at Balkan Civil Society Development Network; Хајан Селмани – Основач и извршен директор на HASELT; Сања Апостолска – Основач на danaucime.mk ; Ана Пискачева – Capacity Building Assistant -USAID Interethnic Integration in Education Project at Macedonian Civic Education Center; Ирена Чаушевска – Seavus Education and Development Center ; Лазар Ѓуров – Основач на Симбиотика.
Целта на настанот е да се мотивираат младите да работат на себе, на приватен и професионален план пренесено преку млади успешни луѓе кои ќе ја изнесат својата приказна за нивниот досегашен успех.
Исто така, ќе се одржат работилници за личен и професионален развој, преку кои младите ќе имаат можност да се запознаат со неформалното образование и да се стекнат со вештини што му се потребни на секој млад човек.
Настанот е follow-up иницијатива како дел од проектот „Make a change: BE A VOLUNTEER“.