На свеченото отворање ќе претходи отворање на Изложба на постери и плакати, по повод 25 години од унгараската револуција, насловена „Вишеград Карма“.
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје и амбасадата на Унгарија во Република Македонија, на 3 ноември (понеделник), во 12.00 часот, го најавуваат отворањето на Унгарското литературно катче во просториите на Библиотеката.
Изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. д-р Бенце Јожеф.
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, минатата година воспостави меѓународна соработка со Метрополитен „Ервин Сабо“ библиотеката од Будимпешта. Со оваа активност и со организирање на повеќе културни настани во Скопје и Будимпешта, градската библиотека се вклучува во одбележувањето 20 години од воспоставувањето на унгарско-македонските дипломатски односи. По тој повод делегација од библиотеката во Будимпешта ќе присуствува на отворањето на изложбата и унгарското литературно катче.
Изложбата во Градската библиотека ќе биде поставена од 3 до 14 ноември 2014 година.