Објавена „Историја на Чешка“ на македонски јазик

Во книгата е опфатена интегралната историја на Чешка: од праисторијата па до 2013 година. Презентирани се шеснаесет периоди од историјата на Чешка, а на крајот се објавени и неколку прилози: географски карти, хронологија на поважните настани, список на владетели и државници низ историјата, како и на претседатели на влади.

istorija_na_ceska

Во издание на „Македоника литера“ и на „Македонска реч“ од Скопје, деновиве од печат излезе „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и Новица Велјановски, кој е и преведувач на дел од книгата.

Проф. д-р Јан Рихлик е редовен професор на Карловиот универзитет во Прага. Тој е историчар кој во својата библиографија има импозантни референтни податоци со објавувањето на национални истории и исклучителни искуство во нивното пишување. Главен автор е (со коавтор) и на Историја на Македонија (објавена и на македонски јазик во 2009 година, во издание на „Македонска реч“). Проф. д-р Новица Велјановски последните десетина години е често присутен во чешките архиви како истражувач и како повремен предавач на чешки универзитети. Проф. д-р Владимир Пенчев е бугарски историчар, реномиран бохемист и тој е коавтор на делот од Историјата на Чешка кој се однесува на нејзината култура.
Историјата на Чешка на македонски јазик е една од ретките вакви национални истории за други земји објавени во Македонија.

You May Also Like