Манифестацијата „Kавадаречка културна есен“ која годинава се одржува во месеците октомври и ноември, донесе шеесетина настани.
Во четврток и петок, на 13 и 14 ноември, во салата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ ќе се одржи најновото издание на Меѓународниот натпревар по камерна музика “КМК 2014“, кој Домот на културата го организира заедно со Основното општинско балетско и музичко училиште “Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци.
Овој дел од “Кавадаречка културна есен 2014“ ќе биде заокружен со отворање на изложба на ликовниот уметник Ибрахим Беди, во петок, на 14 ноември, во Галеријата при Домот на културата и голем концерт на Градскиот хор од Врање, Србија, во сабота на 15 ноември, во салата на Домот.