Отворање на манифестацијата „Денови на Јустинијан I“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (17 октомври 2014 година) во 11:00 часот во објектот „Порта Македонија“ ќе се обрати на свеченото отворање на Mеѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“.

Justinijan Prvi

 

Mеѓународниот научен симпозиум, кој годинава го има своето второ издание, e во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња, а се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и во партнерство со Италијанската амбасада во Република Македонија.

На свеченото отворање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет на Симпозиумот, како и амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.

You May Also Like