Заврши „Малиот битолски Монмартр“

Со доделувањето на наградите за најдобрите ликовни творци денеска заврши 32 Меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

 

Младите ликовни творци од Асоцијацијата за култура „Арте Ро“од Романија се прогласени за најуспешни учесници на годинешното 32-издание на „Малиот битолски Монмартр“.

Две награди за најдобри поединци им припаднаа на Бензан Муруна од Романија и на Самет Алтан од Трабзон, Турција, додека за најмлад учесник беше прогласен Абделсамун Мустафа од Египет. Се доделија и 12 награди за учество на колонијата што ќе се одржи вгодина. Најдобрите творби од оваа колонија ќе бидат изложени на 8 септември

You May Also Like