Од 15 октомври до 15 ноември 2014 год. сите љубители на добрата фотографија, аматери и професионалци, ќе можат да учествуваат на фото – натпреварот со авторски фотографии од овековечени моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.
Еуролинк осигурување го објави својот прв голем фото – натпревар во рамките на проектот „Денови на фотографијата“. Почнувајќи од 15 октомври 2014 и користејќи ја фотографијата како израз за да се илустрира „Емотивната страна на културата“, Еуролинк ги поканува сите аматери и професионалци да испраќаат фотографии со најемотивните моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.
Периодот на пријавување е до 15 ноември 2014 год. на Facebook фан страната на Еуролинк осигурување.