По повод 69 години од депортацијата на 7144 Евреи од Македонија, во логорот на смртта Треблинка (на територија на тогаш oкупираната Полска), Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, со подршка на амбасадата на Чешка и Еврејскиот Музеј од Прага, на Македонската јавност има можност да и презентира една уникатна изложба, Детски приказни – детски цртежи, насликани во периодот јули 1942 – септември 1944, во гетото Терезин.
Изложбата се состои од 40 слики поделени во вкупно 8 категории, во кои се испреплетуваат животните стории, страдањата и сваќањата на децата за опкружувањето и животот во гетото.
Посебено силен впечаток оставаат деловите во кои децата преку ликовна трворба се изразуваат за осознавањето на појавата на антисемитизмот, животот во гетото Терзин , транспортите и бегањето од реалноста преку уметноста како стратегија на преживување.
Оваа изложба нема никого да остави рамнодушен и силно ќе му останат врежани во меморијата сликите кои ке ги види.
Исто така, денес (вторник, 20 март 2012 година) во 12:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Евреите во Македонија за време на бтората светска војна“ од проф. д-р Мајкл Беренбаум, поддржана од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.