Манифестацијата Ден на ДПМ во Куманово се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија. Неодамна Ден на Друштвото на писателите се одржа во Гевгелија, а наскоро вакви манифестации ќе бидат организирани во Кавадарци, Охрид, Битола и Велес.
Манифестацијата Ден на Друштвото на писателите на Македонија во Куманово, ќе се одржи во петок (17 октомври) во 19 часот.
На средбата, што ја организираат библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово и Друштвото на писателите на Македонија, пред љубителите на литературата ќе настапат автори од повеќе генерации: Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Елена Пренџова, Веле Смилевски, Ристо Лазаров, Данило Коцевски, Санде Стојчевски, Билјана Станковска, Бранко Цветкоски, Бобан Богатиновски, Весна Ацевска, Братислав Ташковски, Оливера Доцевска, Јовица Тасевски Етернијан и Марина Мијаковска.
На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат директорката на Градската библиотека во Куманово Нада Ивановска и претседателот на ДПМ Веле Смилевски. Договорено е средбата да има традиционален карактер и таа секоја година да се одржува во октомври, во знак на слободарските традиции на Куманово.