Објавени драми од Блаже Миневски

Издавачката куќа „Три“ деновиве објави книга со драми од Блаже Миневски.


„Книгата „Драми“ на Блаже Миневски содржи три нови драмски текстови, во кои, како од архивата на нашата колективна меморија излегуваат идеолозите, џелатите и жртвите, се вртат низ времето како да го загубиле компасот меѓу минатото, сегашноста и иднината, како во киклопска машина за самоуништување во која се вртиме сите заедно и имаме чувство дека нема светлина што ќе ни го покаже излезот.

 

Станува збор за пиесите „Александров (или А БРЕ М.),  „Според вистински настан“ и „Фолк или судниот лет на Силјан и Џонатан.“  (Владо Цветановски)

You May Also Like