Перформанс „Светот низ разгледници“ во Битола

Денеска (сабота, 19 јули) во 17:00 часот на плоштадот магнолија ќе биде изведен перформансот „Светот низ разгледници“ на Mартина Павловска.

bitola (1)

За перформансот авторката вели: „Кога не можам да одам низ целиот свет, тогаш целиот свет ќе го донесам кај мене.
Сите сме среќни кога добиваме подароци, иако тоа не се случува често. Но, разгледниците ми го овозможуваат тоа. Секој ден е посебен, секој ден ново изненадување ме чека во поштенското сандаче и сеуште со нетрпение ги очекувам новите…од кого ќе бидат, какви ќе бидат. Секокојдневно сум побогата, не само со бројот на разгледниците, туку и со поздравите на различните јазици, новите пријатели, старите познаници кои неуморно ме поздравуваат каде и да одат…со моментите споделени од нивното секојдневие……со детали од споменици и архитектури за кои никогаш не сум слушнала, но и прекрасни места, кои никогаш не сум знаела дека постојат…Да, секојдневно учам од нови луѓе, од стари пријатели,за нови места, за стари градови, чудни обичаи, несекојдневни случувања….и секако, никогаш исти, никогаш досадни“.

You May Also Like