Осмомартовско „Брзо сликање “ во Прилеп

Под мотото, „Уметниците по повод Осми март“ Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, денеска (четврток, 7 март) од 11 до 14 часот ќе ја реализира манифестацијата „Брзо сликање“.

На манифестацијата ќе сликаат: уметниците – членки на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп:
Бети Макеска,
Емилија Ѓорѓиоска – Димоска,
Вера Николоска,
Наде Тоскоска,
Маја Костоска,
Анита Сотироска,
Лепа Милошевска,
Александра Ацеска.

Ова е четврта година како ЦК „Марко Цепенков“ го одбележува Осми март на креативен начин.

Делата создадени на манифестацијата ќе бидат изложени на изложба.
Инаку, ЦК,,Марко Цепенков,, продолжува со хуманитарните активности поврзани со обновата на манастирот Трескавец.

На 22 март под мотото „Уметниците за Трескавец“ ќе се одржи аукција на уметнички дела од уметници од целата земја. Средствата собрани од аукцијата ќе бидат донирани за обновата на манастирот Трескавец.

You May Also Like