Промовирана книгата „Затворањето и смртта на браќата Миладиновци“

Денеска (6 март, среда) во Националната установа Домот на културата „Браќа Миладиновци” во Струга, беше претставена книгата „Затворањето и смртта на браќата Миладиновци“ од авторот Петар Аврамоски.

Книгата ја претстави и за неа и за нејзиниот автор зборуваше Богомир Наумоски, библиотекарски советник при матичната библиотека „Димитрија и Константин Миладиновци“  која работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Во книгата „Затворањето и смртта на браќата Миладиновци“, авторот, историчарот, вишиот кустос Петар Аврамоски дава целосен преглед, по хронолошки ред, на сите збиднувања од последната година на животот на нашите преродбеници. Секако, користејќи ги своите истражувања и огромниот фактографски материјал, тој исклучително успешно, научно издржано презентира целосен пресек на тие преломни настани и активностите кои тие ги предизвикале, како и одекот во научната, јавната и дипломатската јавност.

You May Also Like