Стартуваше Гевгелиското културно лето 2012

Со концертот на групата „Арт Воисиз“ синоќа (петок, 20 јули) во Гевгелија започна традиционалната манифестација Гевгелиско културно лето.

„Арт Воисез“ или тенорите Дарко Нешовски од Македонија и Хрисимир Дамгнов и Стефан Петков од Бугарија на синоќешниот концерт одржан во Народниот театар изведоа популарни оперски арии во поп-верзии.

Во рамките на Гевгелиското културно лето до крајот на овој месец предвидено е да се организира Бела ноќ во кафулињата во централното подрачје на Гевгелија.

Во текот на август ќе биде отворена изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, ќе се одржи концерт на групата Трачери, а ќе гостува и Драмскиот театар со претставата „Последните Македонци“.

You May Also Like