Специјални гости на Фестивалот на музика од светот во Битола се познатата група од Турција „Баба Зула“. Концертот е закажан за вечер (сабота, 8 декември, 2012) во 20:00 часот во Центарот за култура.
Познати по својата алтернативна музика која ги комбинира ориенталните инструменти со модерниот електронски звук, „Баба Зула“ претставуваат уникатно доживување за публиката, поради што медиумите ги опишуваат како најсаканиот турски бенд.
Баба Зула редовно настапуваат во европските земји – Франција, Италија, Германија, а на настапот во Битола турскиот бенд во состав на Левент Акман, Мурат Ертел и Косар Камчи, ќе настапат заедно со нивната соработничка од Македонија на повеќе проекти, вокалистката на групата Баклава- Елена Христова.