Драган Бјелогрлиќ и екипата на „Монтевидео, се гледаме“ денеска во Скопје

По повод премиерата на н филмот „Монтевидео, се гледаме“, денеска во 19:00 часот во кино Синеплекс,со дел од актерската екипа гостува познатиот српски актер, инаку режисер на филмот Драган Бјелогрлиќ.

armand-asante-montevideo-bog-te-video-2tenerife

Во Скопје заедно со Бјелогрлиќ, во Скопје пристигнаа и актерите:Петар Стругар, Иван Зекиќ, Ненад Хераковиќ, Предраг Васиќ, Андрија Кузмановиќ и Раде Чосиќ, кои ќе ни гостуваат по повод премиерата на филмот.

Станува збор за продолжението на популарниот филм „Монтевидео, бог да те види“ од 2010 година кој во регионот стана голем кино хит и врз основа на кој е снимена истоимената телевизиска серија. Неговото продолжение ни пристига во киното Cineplexx и ќе биде поставен на редовниот репертоар од 13. февруари!

Дејствието на филмот „Монтевидео, се гледаме!“ е фокусирано на играчите на југословенската фудбалска репрезентација кои во 1930 година пристигаат во познатиот град во Уругвај, каде ќе се оддржи Светското фудбалско првенство. Покрај самите натпревари кои ги одигра тогашната репрезентација за време на првенството, во филмот паралелно следиме и неколку интересни приказни (кои љубовни, кои национални, а кои и фудбалско-професионални)

You May Also Like