Вчерашното издание на емисијата Време за среќа на МТВ1 во 20:30 повторно беше отворено за многу возбуда, забави и добивки.
Со овој ТВ проект за прв пат во историјата на приредување на игри на среќа во Македонија, во една ТВ емисија се сместени две игри на среќа, со цел поголема можност за добивки и радост на играчите на игри на среќа со бројчиња.
Играчите на среќа на Државна лотарија на Македонија веќе добро знаат дека во понеделник ги тестираат своите среќни бројќи во дури две игри на среќа, Бинго БУМ и ТОП5. Досега во улога на домаќини и во двата проекта се појавуваа прекрасната Марјана Станојковска и секогаш забавниот Виктор Петров Викса.
Од следниот понеделник тие добиваат ново убаво засилување, дамата која синоќа беше преставена во Време за среќа. Станува збор за една од најангажираните манекенски лица кај нас, Маја Ристеска. Оваа прекрасна девојка ќе биде водител на ТОП5 извлекувањата, почнувајќи токму од следниот понеделник. За нејзиниот изглед ќе биде задолжена професионалната екипа на модната креаторка Елена Лука.
ЗА ДОБРО!
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
(комерцијален текст)