Во неделата (25 мај) во Скопје се одржа Државното првенство во Латино-американски и Стандардни танци, на кое земаа учество сите танцови спортски клубови во Република Македонија кои се дел од Танцовата спортска федерација.
Танцовиот Спортски Клуб БранимирБранкица веќе четврта година по ред се закитува со сшампионски и вицешампионски титули на ниво на Република Македонија, и во континуитет низ целата спортска танцова сезона на сите бодовни турнири учествува со најголем број спортски танцови двојки.
Андреј Димовски и Татјана Јаковска се двократни дрзавни шампиони за 2014 год во Латино-америкаснки и стандардни танци, Теодор Томовски и Поповиќ Ања, Лозаноски Матеј и Калина Александар се вицешампиони, а со бронза се наградени Бојана Китановска и Виктор Неделковски, Матеј Анастасовски и Нина Манасиевска.
Шампионите и вицешампионите обезбедуваат учество на престојните големи натпреварувања во Европа и светот, како што се европското и светското првеснтво во Латиноамерикански и Стандардни танци поединецхно во секоја категорија.