Flextronic за оние со пософистициран вкус

Зад името Flextronic се крие Michael Kreft, музичар со кариера што се протега низ последните две децении. Сепак, добар дел од неговото музицирање го помина како тапанар на повеќе бендови кои немаа многу допирни точки со електронската музика.

Средбата со џангл музиката во средината на деведесеттите години го натерала да ги преиспита сопствените музички афинитети, што резултирало со неколку успешни изданија во овој жанр. Една деценија подоцна доаѓа до уште една промена во неговиот стил кога воодушевен од свежиот дабстеп звук, започнува да продуцира музика со побавно темпо од вообичаеното.

Сите негови досегашни успеси се во рамките на електронскиот андергроунд звук, па сметаме дека токму ова издание би можело да доведе до негова поголема препознатливост. На своето ново EP, Flextronic го комбинира искуството од работата во разни музички жанрови со модерниот британски пост-дабстеп звук и создава атмосферична апокалиптична електроника блиска до стилот на Burial и Phaeleh, но со жестоко влијание од трип-хоп наследството. Сигурни сме дека ова издание нема да биде избор на денешните „клабери“, но токму тоа е неговата поента.

Музиката на Flextronic им е наменета на оние чиј музички вкус е малку пософистициран и тежнее кон звуците на мрачните улички од предградијата во 5 часот наутро.

Flextronic излегува на 25 март и ќе се дистрибуира преку сите водечки онлајн музички продавници и стриминг сервиси.

Корисни линкови:

Flextronic на Soundcloud
Филтер на Soundcloud
Филтер на Facebook
Филтер на Twitter

You May Also Like