Одржана крводарителска акција во Гази Баба

И оваа година Општина Гази Баба во соработка со Општинската организација на Црвен Kрст Гази Баба и Институтот за трансфузиона медицина ја реализираше традиционалната крводарителска акција, која се одржува во просториите на локалната самоуправа.

krvodariteli

 

Крводарителската акција која беше успешно реализирана со собрани 22 единици крв ја посетија градоначалникот Тони Трајковски и претседателот на Совет Милан Андоновски. Градоначалникот ги поздрави крводарителите и ја потенцираше значајноста од организирање на крводарителска акции преку кои ги мотивираме граѓаните континуирано да учествуваат и бидат посветени на дарување крв за спасување на човечки живот.

You May Also Like