Гостувањето е дел од програмата на Културно-информативниот центар на РМ во Софија, која е поддржана од Министерството за култура на РМ.
Настанот ќе се одржи во рамките на деветтата едиција на танцови концерти организирани од фондацијата „Етуд“ во соработка со центарот за култура „Црвената куќа“.
Целта на овие концерти е да се промовира и поддржува современиот танц. Како дел од програмата настапуваат и етаблирани кореографи од бугарската сцена, како Галина Борисова, која е воедно иницијатор и организатор на настанот.
Учесници во балетските претстави се Викторија Илиоска, Бистра Делиниколова, Елена Ристеска – прва генерација дипломирани студенти од класата на Искра Шукарова како професор на катедрата за балетска педагогија при ФМУ. Музиката и изведбата во двете дела е на Валентин Димановски.