Вечерва (понеделник, 11 март) во Малата сала во Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово од 19:00 часот, ќе се одржи трибина на тема:”Влијанието на кумановскиот дијалект во формирањето на македонскиот литературен јазик”.
На трибината ќе се говори за кумановскиот дијалект како составен дел од македонските дијалекти со своите специфични особености и црти, има извршено влијание врз формирањето на стандардниот македонски јазик, бидејќи и Блаже Конески се залагаше за вклучувањето на лексиката од повеќето македонски дијалекти при формирањето на современиот стандарден јазик, а сето ова надополнето со извадоци од делото „Бегалка“.
предавач: Слаѓан Спасовски- магистрант на Филолошки факултет на катедрата за македонски јазик, лектор на македонски јазик и професор по македонски јазик во ОУ “Христијан Карпош”-Куманово.
Настанот е во организација на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.