Интернет страницата на водечкиот американски печатен медиум, Вашингтон пост, ја забележа фотографијата на Катрин Денев на Фестивалот на филмката камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Како што кратко пишуваат во објаснувањето, во галеријата која ги прикажува фотографиите што го обележале викендот, фотографијата е од свеченото отворање на 33. издание на Интернационалниот фетсивал за филмска камера „Браќа Манаки“.
Денев е регистрирана како чекори на црвениот тепих во Битола за да ја прими специјалната награда „Златна камера 300“ за исклучителен придонес во светската филмска уметност. Во галеријата на Вашингтон пост од 15 септември, Денев е прикажана во Битола меѓу фотоинфо за Џон Траволта, Кристина Агилера, Ренди Џексон, Лијам Нисон и други.
Отворањето на Фестивалот се најде во ударните термини и места на сите домашни и голем дел странски медиуми, бележејќи по рекордни над 50 објави во текот на викендот што измина.