Емоционалната и трогателна љубовна приказна, базирана на бестселерот на американскиот писател Џон Грин, филмот „Виновни се ѕвездите“ премиерно пристигнува на големото платно во киното Синаплекс и во другите кина низ Македонија.
Виновни се ѕвездите е филмско остварување кое никого нема да го остави рамнодушен, додека публиката ширум земјава ќе има прилика да го погледне од 12. јуни!
Младиот американски режисер Џош Бун во филмот„Виновни се ѕвездите“ ја претставува вистинската љубов помеѓу двајца млади кои се прифаќаат еден со друг во неверојатни физички и емоционални предизвици. Главните улоги ги толкуваат холивудските ѕвезди кои се во подем, Шејлин Вудли и Енсел Елгорт.
Хејзел(Шејлин Вудли) и Гас (Енсел Елгорт) ги спојува нивната сличната смисла за хумор, одбивноста кон конвенционалната љубов која ќе ги однесе на незаборавно патување. Како две индивидуи заболени од тешка болест, стануваат учесници во група за поддршка на луѓе болни од рак. Нивниот однос е посебен и чудесен како и начинот и местото на кое ќе се запознаат .