Најдоброто хоби за вашето дете

Децата се раѓаат со вроден интерес и љубопитност кон се што ги опкружува. Но, во зависност од генетскиот потенцијал и животната средина, во која живеат, постојат одредени нешта, кои повеќе ги привлекуваат од останатите.

Современите деца, поминуваат премногу време пред компјутер. Некои родители го прифатиле тоа како нешто нормално, а други се обидуваат да наложат правила, кои често не се од корист. Денес, повеќе од било кога, е важно родителите да ги насочуваат децата кон некое хоби и во исто време, да им помогнат да го окријат својот потенцијал, да развијат самодоверба, интелект, емоционална зрелост… а сето тоа може да биде почеток, на една страст која ќе трае цел живот.

Како хобито му помага на детето?

– Самоувереност.

Освен што го пополнува слободното време со конструктивна активност, хобито го полни детето со позитивна енергија, чуство на задоволство и помага во развој на доверба во сопствените способности. Ако едно дете, постојано добива негативни критики за она што го прави, веројатно еден ден, полесно ќе посегне , по алкохол и дрога, за да најде внатрешен мир.

-Читање

Без разлика кое хоби сте го одбрале, тоа води до учење на нови нешта и помага децата да читаат повеќе. Многу често децата не сакаат да читаат поради тоа што тематиката во книгите не им е интересна. Кога еднаш ќе ја откријат својата сфера на интерес, читањето на литература од таа област, за нив станува нешто како природен импулс. Зошто, сакаат да научат се повеќе.

-Неформално образование (кое е се’ повредно)

Додека читаат и истражуваат за своето хоби, децата трупаат многу информации. Така тие учат многу повеќе нешта, надвор од училишниот материјал.

-Професија

Понекогаш хобито кај децата, распламтува таква страст, што како возрасни, го наоѓаат својот професионален избор токму во него.

Како да го откриете најдоброто хоби за вашето дете?

Поставувајте прашања. Која вродена дарба ја има вашето дете? Дали е повеќе творечки ориентирано или пројавува повеќе интерес кон спортот? Дали е затворено и повлечено или слободно и комуникативно?

– Имајте ги во предвид талентите на вашето дете

Пред да почнете да го насочувате кон конкретно хоби, запрашајте се зошто баш тоа е добро за него. Важно е да помислите на слабите и силните страни на детето. Одберете нешто, кое знаете дека го сака, и е силно во него. Например, ако ја сака музиката и танцот, запишете го во некоја група за танцување. Тоа ќе му помогне да си најде нови пријатели и да ги развие добро своите способности.

Ако неможете да откриете што е тоа, што вашето дете ќе го заинтересира, кои се неговите слаби и силни страни, тогаш експериментирајте. Предложете различни идеи како на пример:

Колекционирање на поштенски марки

Ова е интересно хоби, кое развивиа асоцијативно мислење кај децата. Во зависност од марките, кои ги собира, детето може да се обогати со знаења како историја, биологија, географија, спорт…Децата преку марките учат да прават асоцијација на различни симболи и бои, со одредени држави. Точно е дека интернетот ја измести поштата, но колкеционирањето марки, сеуште постои како хоби и е атрактивно.

– Собирање монети

Преку ова хоби, децата учат дека секоја држава си има своја валута. Тоа развива и осет за вредноста на парите. Собирањето монети помага детето да научи правилно да ги троши парите од најмала возраст.

Точно преку овие две активности, децата се учат на одговорност. Тие учат да се грижат за своите колекции, да ги чуваат. Важно е да ги оставите сами да го прават тоа, зошто резултатот нема да биде ист.

– Музика

Ако вашето дете пројави афинитет кон музиката и некој музички инструмент, дајте му шанса да се развие. Свирењето на музички инструмент, ќе го направи детето поуверено во себе и својот потенцијал. Музиката смирува и ги прави луѓето помалку агресивни и импулсивни. Децата кои се занимаваат со вакво хоби, секогаш има со што да го пополнат слободното време. Се развива и концентрацијата и осетот за посветеност на дадена цел.

– ФОТОГРАФИЈА

– Цртањето и боењето, се активности кои го помагаат развојот на творечкиот осет во децата. Се развива концентрација и асоцијативно мислење. Ова хоби помага, децата да се изразат слободно. Кога детето е помало, убаво би било да работи заедно со родител. Но кога порасне малку, треба да се остави само да црта. Повремено може да разговарате за нештата што ги црта. Тоа ќе ви помогне да ги разберете неговите потреби подобро.

Ако неможете да си дозволите да купувате скапи материјали за хоби, ова се само неколку идеи кои нема да ве чинат ништо.

– Собирање на каменчиња

Изгледа смешно на прв поглед, но ова е доста популарно хоби во светот. Ова хоби бара да се поминува повеќе време надвор, во природа. Децата со задоволство ќе истражуваат со часови, ќе собираат различни форми на камења, ке ги запознаваат боите…а доколку развијат интерес, еден ден, којзнае- може да се одлучат да станат геолози на пример.

– Изработка на “нешта„

Куќичка за кукли, минијатурни мебели и се што ќе ви падне напамет…може да биде добро хоби за децата. Ако вашата ќерка е творечки ориентирана и сака да изработува разни предмети, може да и предложите да направите куќа за кукли, која ќе ја средите со различни предмети. Ако пак, имате момче, кое го влече мајстроењето , може да го мотивирате да направи камиончиња, ракети, коли и др…од материјали кои ги имате дома- картонски кутии, ролки од тоалетна хартија, пластични шишиња…

– Риболов

За татковците-риболовци, ова веројатно не е евтина варијанта, зошто опремата е скапа. Но сепак, може да ги однесете вашите деца на риба, со јадица направена во домашни услови, од прачка, рибарски конец и мамец. Риболовот развива трпеливост, концентрација и брзи реакции. Воедно е добар начин да се помине времето со цело семејство во природа.

Понекогаш хобито не е само активност која трае одреден период, туку може да прерасне во страст за цел живот. Без да сте свесни, вие може да создадете еден мал иден градинар, колекционер, иноватор, геолог, биолог…Освен тоа, самите вие може да се запалите по нешто креативно, да откриете некои непознати квалитети во самите вас. Имањето на општо хоби со вашето дете, може да ве зближи и да ви го направи секој ден, по забавен и интересен.

Л.Ѓ.

You May Also Like