Денеска (петок, 21 март 2014 година) во 12:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата.
Настанот традиционално го организираат Македонскиот ПЕН центар и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. На него ќе настапат поети – членови на Македонскиот ПЕН, а поетско послание ќе упати Раде Силјан.