Вечер на новата македонска поезија

По повод Светскиот ден на поезијата (21 март), денеска (петок) со почеток во 19:00 часот во Културниот центар “Феникс“ ќе се одржи Вечер на новата македонска поезија.

writing

Воведна реч за поезијата, односно на тема “Арс поетика“, ќе има Јовица Тасевски – Етернијан, а потоа ќе настапат поголем број автори – претставници на најновиот поетски бран во Република Македонија.

На поетската вечера учесниците и гостите ќе бидат послужени со леб, сол, пипер и вино, а со оваа вечер ќе започне циклусот од четири книжевни и културолошки манифестации кои ќе се одржуваат еднаш месечно во “Феникс“, а ќе бидат посветени на: поезијата, есејот, прозата и критиката.

Поетската вечер ќе биде збогатена со изложба на поетски книги од македонски автори, изданија на “Феникс“, кои ќе се продаваат по симболични цени од 50-150 денари

You May Also Like