На големото платно во Cineplexx оваа недела (30 март) во 17:00 часот, пристигнува и последниот балет од сезоната 2013/14 на театарот Бољшој- „Марко Спада, или Ќерката на Бандитот“.
Неодамна поставен на репертоарот на Бољшој (ноември 2013), овој „авантуристички балет“, ретко претставен во минатото, сега го доживува своето повторно раѓање на сцената на познатиот театар. Креиран специјално за овој театар, од францускиот кореограф Пјер Лакоте, „Марко Спада, или Ќерката на Бандитот“ е грандиозен и исклучителен балет.