Промовирана „Филозофија на балканскиот пекол“ од Стефан Влахов Мицов

Во Паркот на книгите, кој во голема мера наликува на литературните паркови кои ги имаат светските метрополи, пред голем број пријатели и поддржувачи беше промовирано дело, кое според говорниците, е од огромно значење за македонскиот народ и култура.

stefan_vlahov_micov_filozofija_na_Balkanskiot_pekol

Просторот пред Матица Екслузив е местото каде се оддржа промоцијата на последното дело на Проф. д-р. Стефан Влахов Мицов, насловено „Филозофија на Балканскиот пекол”.

За делото на Стефан Влахов Мицов говореше д-р Тодор Чепреганов, кој низ извадоци од делото ја објасни проникливоста на авторот и неговиот систематски пристап кон темата – аспекти кои ја прават „Филозофија на Балканскиот пекол” интересна и читлива за секој граѓанин на Република Македонија.

Амбасадорот Ристо Никовски направи интересна паралела за местото на промоцијата и рече „Навистина ме радува што во центарот на Скопје, успеавме да го „доловиме” Париз. Во ваков прекрасен амбиент, промовираме дело кое е навистина значајно за Република Македонија. Додека листовите не потсетуваат дека есента е пред нашата врата, ние ќе разговараме за дело кое е потребно да се преведе на што е можно повеќе јазици, бидејќи е потребно да биде прочитано, не само во Македонија, туку и надвор од неа”, истакна амбасадорот Ристо Никовски, еден од говорниците на промоцијата на последното дело на Проф. д-р Стефан Влахов Мицов.

stefan_vlahov_micov_filozofija_na_balkanskiot_pekol2

You May Also Like