Ролеријада во Скопје

Детскиот културен центар-Карпош од Скопје и Град Скопје, годинава по втор пат организираат Ролер трка, наречена  “Возиме кон иднината“. Манифестацијата ќе се одржи во петок (26 април 2013 ) во 12:00 часот.

Во оваа спортска манифестација  ќе учествуваат училиштата од градот и околината.Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади,како и создавање навики за спортување.

Со мислата во здраво тело ,здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба.Со унапредувањето на ролер спортот,градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација,која има тенденција да прерасне во традиционална,а од година во година и се помасовна.

Во манифестацијата “Возиме кон иднината“, минатата година учествуваа околу 400 учесници, а годинава очекуваме бројката да биде поголема.Учесници се деца од повеќе основни училишта од градот и околината.

Стартната позиција ќе биде на бул.“Илинденска“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи  до клучката на бул “Илинденска“ со ул.“Никола Тесла“ (кај ЈП Паркови и зеленило).

You May Also Like