„Метастаза“ на Театарот од вториот кат во Универзална

Во четврток (1 ноември, 2012година) во Универзалната сала, „Театарот на вториот кат“ ви ја најавува  „Метастаза“ -театарска претстава според пиесата „Eнигматски Варијации“ на Е.Е.Шмит, во режија на Војо Цветановски.

Играат: Златко Митрески и Дарко Вељиќ.

Приказна од крв и месо за крвта и месото…
Кога сенките пополека –постепено, стануваат облик на жив човек и наеднаш ги снемува.

Кога светлината постепено заминува во правец непознат за нас и ние тргнуваме да ја следиме.

Кога телото лежи, а делува како да лебди.

„Метастаза“ е дел од сите и дел за сите нас. На работ на еден театар, кој виси во воздух и го чека своето заминување. Обликувањето на сам себе во нешто што не ни помислуваш дека можеш да бидеш, судрувајки се со реализмот, кој од секаде погледнато пречи. Затоа решивме да се занимаваме со театар. Затоа решивме да не излеземе од театарот. Затоа се опорочивме. Затоа се казнивме. Затоа метастазираме.

„Метастаза“ е посветена на сите оние кои метастазираат во театарот. (Оние кои не се, сами ќе се препознаат)!

 

You May Also Like