Ања Ветерова како претставник на Македонија ја освои наградата Гран при на престижниот музички фестивал Сан Ремо јуниор кој од 15-21-април се одржа по четврти пат.
Ања имаше блескав настап во театарот Аристон при интерпретацијата Because you loved me од Селин Дион. Беше придружувана од оркестар составен од 17 музичари. На фестивалот се натпреваруваа две групи солисти и инструменталисти, кои беа поделени во три групи – А1 (8 до 10 години), А2 (11 до 12 години) и А3 (13 до 15 години). Учесниците беа од повеќе земји, а единственото и највиско Гран при го освои Ања Ветерова.
Фестивалот Сан Ремо јуниор е подржан од Претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, Министерството за култура, УНЕСКО и УНИЦЕФ.
извор: idividi.com.mk