Одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

По повод одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО – 27 октомври, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи трибина.

audiovizuleno_nasledstvo__Vinegar2

Трибината е закажана за утре (понеделник, 27 октомври) во 12:00 часот, а тема која е зададена од страна на Меѓународната асоцијација на филмски архиви – ФИАФ е „Светските архиви во опасност – останува уште многу да се направи“.

Оваа тема е од есенцијално значење не само за филмската архивистика, туку и за аудиовизуелното културно наследство воопшто, и се однесува глобално како на филмските, така и на не-филмските аудиовизуелни материјали. Во оваа ера на дигитални технологии – заштитата и прикажувањето, како и достапноста и истражувањето – се исправени пред нови големи nредизвици. Филмските архиви се во период на транзиција од филмска лента на дигитални носачи. Дилемите „про-ет-контра“ се бројни, и се движат, од една страна, на линија на дилемата „дали филмска лента или дигитален носач“, а од друга страна, актуелни се и дилемите внатре во областа на новата дигитална технологија – формати, хардвер и софтвер, итн…

Поттемите на трибината се:

-Заштита и чување – филмска лента или дигитален носач (искуства, индикации, интерполации)

-Трансфери на аудиовизуелните материјали – од филмска лента на дигитален носач и обратно (цели и потреби)

-Дигитализацијата – заштита, инструмент за поголема достапност, или нешто трето…?

-Достапноста на аудиовизуелните материјали (потреби наспроти можности)

-Прибирање, чување и прикажување во дигитална форма унификација и нормативни формати на дигиталните аудиовизуелни материјали (проблеми и решенија – искуства и интерполации)

-Не-филмските аудиовизуелни материјали – заштита и чување, достапност и истражување (искуства, индикации, интерполации)

You May Also Like