„Ќелавата пејачка“ и во новата сезона на „ТЕАТАР 007“.
Изведбата на претставата е закажана за 29 октомври 2014, со почеток во 20:00 часот на „малата сцена“ во Универзалната сала.
„Ќелавата пејачка“ од Ежен Јонеско, а во режија на Игор Ивковиќ е претстава, која ќе Ве насмее и замисли за многу прашања.За „аспурдната реалност“ на денешното живеење, течењето на времето и неоставањето никаква трага и белег на нашето постоење, за изобилието од лицемерие и лажна учтивост, за квази херои и хероини, наводните друштвени „луѓе“ кои „умираат од досада“ кога си со нив…- велат од Театар 007.