Одбележување на 30 години од смртта на Кирил Македонски на Бит фест

Денеска (среда, 16 јули) во 20:00 часот во Центарот за култура во Битола ќе се одржи настанот „Живот и дело – Кирил Македонски“.

kiril_makedonskiПовод: 60 години од првата македонска опера, 30 години од смртта на Кирил Македонски

Иницијатор и координатор на проектот- Академик Георги Здравев

Учесници:

– Проф. м-р Јасминка Чакар- клавир
– Цветан Стојанов- тенор

Излагања:

– Проф. Д-р Вера Стојчевска Антиќ
– Марко Коловски- музиколог
– Документарен филм “ Кирил Македонски “ – автор м-р Никола Талевски

Кирил Македонски е роден во Битола 1925 година. Студирал музика на Музичката Акдемија во Загреб, на отсекот за композиција и диригирање со главен предмет композиција ( проф. Крсто Одак) а потоа на Музичката Академија во Сараево, каде што дипломирал втор степен со одличен успех ( проф. Иван Бркановиќ) а трет степен на високото образование завршил на Музичката Академија во Љубљана, со одличен успех (проф. Луцијан Марија Шкерјанц) и се здоби со звањето “специјалист за композиција” . Негов магистерски труд е операта Цар Самоил која од комисијата на Музичката Академија во Љубљана е оценета со највисока оцена, десет. Неговите први композиции се печатени во 1948 година. Всушност, првите свои успешни композиции Кирил Македонски ги напишал во 1944 година.

Тоа се извесен број на песни за деца од кои и денес ги пеат децата во Македонија. Во својата долгогодишна плодна композиторска дејност напишал голем број музички дела од кои позначајни се оперите “Гоце” ( прва македонска опера, завршена во 1953 година првпат изведена на 24 мај 1954 во Македонскиот Народен Театар во Скопје) и “Цар Самоил “ (завршена во 1965 година ), потоа делата за оркестар- симфониска поема Танчарка (1951), Прва симфонија (1956), Втора симфонија (1958),Трета симфонија (1959),Четврта симфонија(1960) , соната за виолина и клавир, соната за клавир, композиција за гудачки квартет, Орлите на Македонија (кантата) и многу др. Најзначајни дела на Кирил Македонски се и операта Илинден (Даме Груев )и балетот Дафина. Автор е на музика за неколку филмови и повеќе театарски претстави.

Паралелно со компонирањето се занимавал со педагошка дејност, а особено акцент им дал на истражувањата од облста на музичката психологија, поконкретно-музикотерапијата. Бил преокупиран со идејата за создавање македонски национален стил, заснован врз карактеристиките на народниот мелос и врз неговата синтеза со музичко-техничките дострели на музиката во 20 век. Добитник е на повеќе меѓународни награди и признанија.Кирил Македонски почина во во јуни,1984 година.

You May Also Like