Градот Скопје информира дека за само три месеци од почетокот на сезоната за изнајмување велосипеди за оваа 2014 година се уништени 6 (шест) велосипеди на ЈП „Градски паркинг“.
Според податоците на претпријатието, од 2010 година, кога почна со реализација проектот „Изнајми велосипед“, до месец јуни 2014 година уништени се вкупно 150 велосипеди, кои повеќе не се во употреба, а 9 (девет) се украдени.
Екипите на ЈП „Градски паркинг“ секојдневно вршат поправки и ги сервисираат велосипедите за тие да бидат безбедни за користење. Ако некој украде велосипед, ЈП „Градски паркинг“ кражбата ја пријавува во полиција, односно поднесува пријава за кражба или пријава за затајување туѓа сопственост. Потоа, полицијата трага по сторителите.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат изнајмените велосипеди од ЈП „Градски паркинг“.