Од денеска (четврток, 11 септември) на репертоарот на кино Милениум следува анимираниот филм “Бегство од планетата Земја 3Д” (Escape from Planet Earth 3D).
Филмот “Бегство од планетата Земја 3Д е во режија на Callan Brunker, а главните улоги ги толкуваат, односно гласовите ги позајмуваат плејада холивудски топ-актери Brendan Fraser, Sarah Jessica Parker, Jessica Alba, Ricky Gervais, Sofía Vergara…
Од останатите филмови на репертоарот на Милениум се актуелните филмски продукции Нинџа Желки, Платеници 3, Снимка на секс, како и анимираните Враќањето во ОЗ и Храбрата Кола Плоди.