Изложба на современа бугарска фотографија

Изложбата на современа бугарска фотографија ќе се отвори денеска (16 јули 2014,среда) во 20:00 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.

 

foto aparat camera

Поставката е составена од 50 фотографии на современи бугарски автори, настанати во периодот од 2000-та година па до денес. Оваа фото-колекција претставува стилски хетерогени и тематски различни пристапи и авторски концепти, со јасен печат на авторство во секое дело. Kуратор на оваа изложба е познатиот бугарски фотограф, Јавор Попов, претседател на здружението “Фотографска Академија“ од чија архива (преку 7000 фотографии) е оформена оваа колекција.

You May Also Like