Одбележани 141 година од раѓањето на Гоце Делчев

Денеска, делегација на Градот Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева,  положија цвеќиња на гробот на нашиот великан  Гоце Делчев, во Црквата Св. Спас во Скопје.


Во Црквата Св.Спас  беше одржана Литургија на Македонската православна црква, а по повод 141 година од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери, настапи и Мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентско водство на Јасмина Ѓорѓеска-Серафимова.

Еден час подоцна, Делегација од Град Скопје како и високи државни и официјални делегации положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија, како и на споменикот во Градскиот парк во Скопје.

 

You May Also Like