Методот Монтесори во педагогијата

Д-р Марија Монтесори е родена во 1870 год. во Италија. Таа е доктор по медицина, педагог, психолог, хуманист и филозоф. Го завршила медицинското образование со голем успех и веднаш, започнува работа во Психијатриската клиника при Медицинскиот универзитет, каде работи со деца со пречки во развојот.

Тому овде, преку својата работа таа ги формира филозофските почетоци на својот популарен метод, а покасно ги доразвива во првиот дом за деца (Casa dei bambini), во Рим, создаден во 1907 год. Овде децата имаат слобода да бидат самостојни и да се грижат за себе.

Многумина веруваат дека децата имаат способност да ја „впиваат“ културата. Ако се замислиме и поверуваме дека културата може да биде спознаена без напор, ќе видиме дека децата „апсорбираат“ многу повеќе култура од читање и пишување – зоологија, биологија, математика, географија …со леснина и спонтано, без да се уморат. Така ќе откриеме дека образованието не е нешто, кое учителот мора да го предаде, туку е природен процес, кој се развива спонтано кај човекот. Не се придобива преку слушање лекции и зборови, туку преку игра и доживување на детето во неговата непосредна средина.

Слободата лежи во основата на методот Монтесори. Основно внимание се одделува на тоа, какви всушност се самите деца, а особено се цени индивидуалноста на секое едно дете. Монтесори не става знак за еднаквост помеѓу децата и методите, како што е случај во традиционалниот образовен систем. Тој систем е создаден во времето на индустриската револуција, кога масата мигрирала во урбанизираните реони, за да завземе место во фабриките. Системот на образование имал за цел, да воспита една идна работна маса, преку учење факти наизуст и правила – децата треба да седат послушно од ѕвонче до ѕвонче, да бараат довола од учителот да станат или да зборуваат, да стојат мирно во ред… Овој метод на обука е старомоден и неадекватен за денешното модерно општество. Денес луѓето не работат цели 50 години на едно и исто место (фабрика), туку често ја менуваат професијата и успеваат само оние, кои се со предприемачки дух, кои се адаптираат брзо и лесно, имаат развиено кративен пристап и аналитичко мислење.

Во градинките Монтсори, кои ги има во цел свет, се применува метод за поготовка на слободна личност, одговорна за својот живот и судбина, самостојна во барањето и добивање на занења. Во услови во кои децата, автоматски го исполнуваат брањето на учителот, нема можности да се спознае вистинската природа на детето, таква каква што е со раѓањето. Родителите и учителите обично се трудат да ги моделираат децата, да ги насочат кон определени норми и правила, да ги стават во рамки. Марија Монтесори открила дека децата до 6 годишна возраст, учат потсвесно на начин што ги впиваат само оние нешта, кои самите ги сметаат за интересни и на тој начин се само-изградуваат.

Основниот концепт на методот Монтесори е радоста и задоволството од учењето. Тоа ги прави децата мирни, среќни и уверени, а во исто време ја помага и формира личноста во насока која таа сама ја одбира. Хуманата педагогија е можна, само кога детето има слобода да делува. Тоа се рабира не значи, дека треба да се дозволи на детето да прави што сака. Слободата на избор значи да го правиш она, кое си одбрал да го следиш, а не да мрзелуваш. Во детските градинки Монтесори, не се образуваат деца – безделници, туку такви кои свесно одбрале со што да се занимаваат.

Друг важен акцент е односот на учителот – ученик. Децата не „зјапаат“ во учителот овде, а тој ги гледа нив. Добриот педагог набљудува мудро, внимателно и ја подготвува средината во која се развива детето, спрема неговите лични потреби и можности. Ако некој заостанува со материјалот, тој нема да биде казнет или понижен пред целиот клас, туку ќе добие доволно време сам да го надокнади материјалот и најде решение.

Самата Марија Монтесори, го опишува својот метод вака : „Метод основан на слободниот избор на детето, во подготвена средина“. Обично монтесори-средината повеќе потсетува на дом – со шарени ѕидови, живи растенија, завеси и цртежи. Класната училница-соба не е просторија во која заповеда возрасниот, а внимателно подготвена средина, создадена да го помогне развојот кон независност и верба во самото дете. Помеѓу учениците на таа школа се : Габриел Гарсија Маркез, Лари Пејџ и др.

Кај нас методот Монтесори, е се повеќе популарен и бројот на Монтрсори градинки во иднина  ќе расте. Ова е една градинка, која мислиме дека заслужува внимание…

Подготовил: Л.Ѓ.

You May Also Like