Ана, Том, Хана и Мила Албот… тоа е семејството кои себеси се нарекува, семејство без граници. Авантурите на ова сeмејство собираат се повеќе фанови од цел свет, а блогот на кој ги раскажуваат своите доживувања, е номиниран за нај-добар блог за авантуристички туризам за 2011 од Нешенел џиографик.
Ана е од Полска, а Том е Германец. Се запознале во Брисел на меѓународна конфернеција за млади новинари. На почеток патувале заедно на различни дестинации, но кога решиле дека сакаат да го поминат животот заедно, Ана се преселува во Берлин кај Том, каде и сега живеат заедно. Во секојдневието употребуваат три јазици… полски, германски и англиски. Ана работи како новинар во European Youth Press, а Томас е веб дизајнер и фотограф.
Слатката Хана може да се пофали дека уште неродена ја посетила Македонија. А во првите месеци од животот Полска, нормално. Мила пак е зачната некаде во Украина, кога семејството крстарело околу Црното Море. Но, првата ултразвучна снимка е направена во Грузија. Така таа слободно може да се нарече искусен авантурист уште пред да се роди во јануари 2011.
Ана на блогот на семејството споделува совети околу подготовка за патувањата. Според неа, едни седат со часови пред картите од агенцијата и планираат што ќе прават секој ден од патувањето, други читаат на интернет, трети едноставно купуваат билет за првата дестинација што ќе им текне и заминуваат веднаш. Тие според неа, се некаде на средина.
Кога човек е со деца, одговорноста е голема и потребна е подетална подготовка и внимание. Сепак прво и најважно нешто е да се направи маршута, која ќе се следи. После треба да се направи план, да се провери дали границите се отворени, каде и какви визи се потребни. А за секој од овие детали, Ана го користи проверениот новинарски метод – да биде проучен од повеќе извори.
Сигурноста на секое патување е доста индивидуално нешто, пишува Ана. Така на пример, на првото поголемо патување, сите блиски пријатели ги прашувале дали не се плашат да ја посетат Грузија поради војната која се водела во моментот таму. Тоа за нив, биле всушност најубавите места од тоа нивно патување, тврди Ана. Но семејството сепак решило да не влегува во Дагестан, со малата Хана.
Друга голема опасност се болестите, потсетува Ана. Затоа многу често изборот на определена дестинација бара да бидат користени одредени лекови. Во истата оваа категорија на задолженија, влегуваат и различни видови на осигурувања. Дел од подготовките на Албот семејството, е и барањето спонзори. Нешто добро е исто, ако патувате подолг период да го изнајмите станот за времето додека сте отсутни, советува Ана. Тоа може да ви ги намали трошоците или да заработите одредена сума пари која добро ќе ви дојде.
Ова е сосема неочекува средба, на семејство Албот со 14 члена Мајанска фамилија – мајка, татко и 12 деца, пишува Ана. И едвај три од нив одат на училиште. Зошто?
Зошто немаат пари за училишна опрема, раскажува Ана на блогот. Таа продолжува со расказот за тоа како малата Мила си играла со момчињата од фамилијата, како Хана се креиела во куќата, како таа самата приготвила супа со помош на три девојчиња од големото семејство …едно место кое семејството без граници,би сакало да го посети пак и луѓе со кои не би сакало да се раздели…
За Том најубавите спомени од детството се поврзани со семејните летувања, за Ана пак споменот е топлината која ти ја дава семејството без разлика каде се наоѓа домот. За нив најголемо изненадување е рекацијата на луѓето што ги среќаваат во сиромашните земји,кои имаат толку малку, а секогаш се спремни да споделат се што имаат. Тие никогаш не велат „Довидување“, туку „Ќе се видиме некој ден повторно“ …интересно е колку е мал овој свет, споделуваат на личниот блог Ана и Том.
Подготвил: Л.Ѓ.