„Белград Андерграунд“ во Кинотека на Македонија

Викендов (18 и 19 февруари 2012 година), во рамките на циклусот документарци и играни филмови, со почеток во 20:00 часот во просториите на Кинотека на Македонија, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Белград Андерграунд“ во режија на Муриел Бузара.


Белград Андерграунд
(Beograd underground)

Режија: Муриел Бузара (Muriel Buzarra)
Сценарио: Наташа Саркиќ (Natasa Sarkic)
Улоги: Александар Зограф, Данило Милошев, Никола Витковиќ (Aleksandar Zograf, Danilo Milosev, Nikola Vitković)
Времетраење: 97’
Kолор, ДВД

Документарниот филм „Белград Андерграунд“ се обидува да ја пронајде и претстави андерграунд културата во Белград, главниот град на Република Србија во периодот на транзицијата која се случи на почетокот од новиот милениум. Во него се прикажани сведоштвата на неколкумина индивидуалци и уметници кои својот живот го посветиле на создавањето на оваа субкултура.

Влезницата за проекцијата е 50 денари.

You May Also Like