„Некст Тајм“ со спот за песната „Некст тајм“

По пауза од осум месеци братското дуо Некст Тајм вчера (7 јануари, понеделник) го промовираше новиот видео запис за темата „Некст Тајм“.


Во спотот две заводливи девојки се борат во кал, моторџии се обложуваат на една од нив, а Марко- Тротоар е тапанар во бендот кој свири. Видео записот го изработи Томато Продукција, а интернет промоцијата на истиот се случи на официјалниот youtube канал на Некст Тајм.

Песната насловена ” Некст тајм” се наоѓа на вториот албум на братското дуо и е авторско дело на Лазар Цветкоски. За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветкоска Ена го напишаа одличниот текст.

После ТВ промоцијата на видео записот која ќе се случи во рамките на естрадниот магазин Бекстејџ, Некст Тајм ќе ја започнат кампањата за издавањето на нивниот трет студиски албум, кој ќе излезе на пролет.

You May Also Like