Овации на европската турнеја на „Но бордерс оркестар“

Оркестарот со име „Но бордерс“ е ансамбл во кој членуваат најдобрите професионални музичари од поранешните Југословенски републики,  а меѓу нив и тромбонистот од Македонската филхармонија Виктор Илиески, кој воедно е член на Биг Бендот на МТВ и на македонскиот оркестар за снимање филмска музика – ФАМЕС. Оркестарот деновиве го заврши првиот дел од големата eвропска турнеја.

no_borders_orcestar_production

НБО овој пат во камерен состав со својот уметнички директор и диригент Премил Петрович оствари огромен успех на новата светска продукција на операта Мацбетх од Г. Верди а во обработка за камерен ансамбал на Фабрицио Цасол во режија на режисерската звезда Брет Бејли и со извонредните пејачи од Јужна Африка, настапи на водечки европски фестивали со 3 претстави на Kunstenfestivaldesarts во Брисел, 2 на Operadagen во Ротердам, 4 на Wiener Festwochen во Виена и 2 на Фестивалот Theater Formen во Braushvajg Германија. Испратени со долготрајни стоечки овации и извонредни критики.

no_borders_orcestar_production2

Либретото на оваа постколонијална оперска продукција е со тематика – желбата за власт, сакањето, мразењето, злосторството, одмаздата кои се сместени во современиот Конго. Пејачите од постапархејд земјата и музичарите кои ја изведуваат музиката од поствоените зони од Европа зборуваат за конфликтот во Конго, каде што во последните 20г.се убиени преку 5 милиони луѓе. Во почетната фаза во подготовките на операта диригентот Петрович поминува време со резисерот Бејлис во Конго минатата година.
“Но Бордерс Оркестарот со овој проект ја продолжува својата уметничка и општествена мисија дебатирајки за колонијализмот, постколонијализмот во Јужна Африка со што НБО ги поминува границите на Екс Југославија. Со оваа продукција НБО зборува за конфликтите и потребата да се надминат границите помеѓу луѓето од различните нации од нашиот регион, и со тоа се поставува на универзално ниво. Од уметничка гледна точка,исто така се надминува границата со тоа што оркестарот е на сцена заедно со пејачите. “изјави Премил Петрович.

Интересот за оваа претстава е секаде огромен со месеци однапред распродадени билети. Силните и емотивни изведби на целиот ансамбл предизвикуваа солзи и воодушевувања кај публиката, која на крај редовно ги наградува со долготрајни стоечки овации.

Виенските ОРФ, Курир, Стандрд пишуваат за воодушевувањата кај публиката што ги предизвика изведбата на Но Бордерс Оркестарот и констатираат дека оваа продукција е најдобра на фестивалот Fest Wochen во Виена. Исто така го нагласуваат несфатливиот голем израз и сила на ансаблот и големата ангажираност на музичарите кои звучат како голем симфониски оркестар.

Европската турнеја со оваа продукција ќе продолжи со изведба на 4 претстави во Барбикан Центарот во Лондон, 8 претстави во Париз, по 2 претстави во Лисабон, Стразбур, Тулуз, Тарб и Дуеу.

no_borders_orcestar_production3

You May Also Like